Јеремиќ: Вучиќ мора да се вразуми
Претседателот на Народната партија и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Вук Јеремиќ, изјави денеска дека меѓународниот состанок за Косово во Париз нема да биде значително различен од претходниот во Берлин, бидејќи сè уште нема доволен интерес кај клучните меѓународни актери ниту барем делумно совпаѓање на нивните интереси, неопходни на конференцијата да биде постигнат значителен напредок.
„Српскиот режим споменува некаква „Париска операција”, која во реалноста не постои. Тоа е само продолжение на шарлатанскиот однос на претседателот на Србија и СНС, Александар Вучиќ и неговите дворски медиокритети за најважните државни и национални прашања кои, како и сè друго, се користат за пропагандни цели“, порача Јеремиќ во писмена изјава.