Зариф: Разговорите со Германија за нуклеарната програма искрени и сериозни
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека разговорите со неговиот германски колега Хајко Мас за нуклеарниот договор од 2015 година биле искрени и сериозни. Тој порача дека Техеран ќе соработува со потписниците на договорот со цел негово зачувување.
Според Зариф, Иран никогаш не би почнал војна, но ќе ја уништи секоја земја која ќе се обиде да го нападне. САД се повлекоа од договорот минатата година и повторно воведоа санкции врз Иран.