Најава за протести за поддршка на рускиот новинар Голунов
Новинари, активисти и други поддржувачи на рускиот истражувачки новинар Иван Голунов кој е во домашен притвор ќе одржат протести в среда во Москва за негово ослободување.
Во соопштение на Фејсбук вработени во неколку водечки медиуми во Русија порачаа дека нема да бараат дозвола од градските власти за одржување на протестот и ќе повикаат да бидат отфрлени обвиненијата против Голунов, кои според нив, се неосновани и политички мотивирани. Голунов е обвинет за обид за продавање на наркотици. Тој ги негира обвиненијата и тврди дека наркотиците му биле подметнати.