МААЕ повика на дијалог за иранската нуклеарна програма
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Јукија Амано изјави дека е загрижен за зголемените тензии околу иранската нуклеарна програма.
„Се надевам дека ќе се најде начин да се намалат моменталните тензии преку дијалог“, порача Амано.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф денеска изјави дека неговата земја заедно со останатите потписници ќе работи на зачувување на договорот од 2015 година.