Пожарот во Кисела Вода е изгаснат
Противпожарните служби по два часа успеаја да го изгаснат пожарот кој денеска избувна во станбена зграда, во населбата Кисела Вода во близина на салата "Расадник".
Пожарникарите евкуираа две деца, еден маж и една жена кои биле над станот зафатен од пожарот во зградата во Кисела Вода.
Пожарот избувна во стан на петти кат од зградата, а станот бил празен.
Пожарот го гаснеа 25 пожарникари со 10 возила од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје,а на терен беа и екипите на полицијата
Засега не се познати причините за пожарот.