Mас во Техеран поради нуклеарниот договор
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, се состана со својот ирански колега за време на посетата на Техеран, чија цел беше да ги истражат можностите за натамошно спроведување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили.
Маас оствари разговори со министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и се очекува да се состане со претседателот Хасан Рохани.
Пред неговото патување, германскиот министер изрази надеж дека разговорите ќе им помогнат на двете страни да најдат "конструктивни начини" за спроведување на нуклеарниот договор со Иран
Западно-европските потписници на нуклеарниот договор - Франција, Велика Британија и Германија - се обидуваат да го спасат договорот откако САД се повлекоа од договорот во мај 2018 година и повторно поставија санкции за иранската економија.