Села: Одговорост да има и од највисоките членови на ДУИ
Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села по редовниот состанок на централното раководство што се одржа во Тетово во изјава за медиумите меѓу другото ги коментираше и приведувањето на службеник од редовите на ДУИ осомничен за земање мито. Села рече дека и порано истакнувал оти не треба да има заштитени политички мечки.
"Се надевам дека нема да престане само со ова и мислам дека нема да се случи феноменот од третиот и четвртиот функционери на ДУИ да одговораат, туку одговорноста треба да почне да се бара и од членовите на Владата и идните денови ќе гледаме вакви случаи и сите што имаат проблем со законот ќе одговараат" изјави Села.
До неговиот коментар доаѓа по информацијата дека државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија и поранешен раководител на одделение во министерството се сомничат за примање поткуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.