Касами: Заев одма да распише предвремени избори
Претседателот на Беса Биљаљ Касами денеска оцени дека по средбата на македонската делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел одБерлин не стигнала посакуваната вест за почнување на преговори за членство во Европска Унија.
“Бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, затоа го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и одма да распише предвремени парламентарни избори, после кои сигурно ќе дојде една политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на Северна Македонија во Европската Унија”, вели Касами.