Спасен екипажот од двата нафтени танкери кај Оманскиот Залив
![Спасен екипажот од двата нафтени танкери кај Оманскиот Залив](https://gdb.rferl.org/9EF4CAD3-3BE9-4DE4-A1ED-D5905B960198_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Десетици членови на екипажот беа спасени од два нафтени танкери кои наводно биле нападнати и ги зафатил пожар во Оманскиот Залив. Инцидентите се случија по еден месец откако беа нападнати четири танкери во близина на Обединетите Арапски Емирати со што се зголемија тензиите меѓу Техеран и Вашингтон и американските сојузници во Персискиот Залив. Според соопштението, 44 членови на екипажот биле безбедно евакуирани од страна на Иран.