Шилегов: Постапката за Дрисла иако контроверзна не можеше да се прекине
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави денеска дека постапката за депонијата „Дрисла“ не можела да биде прекината и покрај нејзината контроверзност и затоа е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фирма „Шолц“.
„Прекинувањето на постапката во оваа фаза ќе го направи Градот правно порозен, да бидат поднесени тужби од двајцата учесници и тоа можеше да го банкротира“ истакна Шилегов.
Според Шилегов, непостоењето правна ситуација за прекинување на постапката се должи на несериозното работење на претходната администрација.