Помпео му се заблагодарил на ирачкиот премиер за борбата против милициите поддржани од Иран
![Помпео му се заблагодарил на ирачкиот премиер за борбата против милициите поддржани од Иран](https://gdb.rferl.org/D612EED8-D17C-457D-ADFE-DAC3CAFD9807_w800_h450.jpg)
Американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар на САД Мајк Помпео телефонски разговарал со ирачкиот премиер Адил Абдул-Махди, при што ја нагласил заедничката желба за силен, слободен и суверен Ирак. Портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус, изјави дека Помпео му се заблагодарил на премиерот на Ирак за нивните континуирани напори против заканите за ирачкиот суверенитет од милициите поддржани од Иран. Помпео ја потврдил поддршката на САД за слободна пловидба во регионот по нападите врз нафтените танкери во Персискиот и во Оманскиот Залив, за што Вашингтон го обвини Иран. Техеран негира дека се вмешани. Помпео му се заблагодарил на ирачкиот премиер за неговата заложба да го заштити американскиот персонал во Ирак, а ветил и дека Вашингтон ќе продолжи да помага Ирак да ги гради своите безбедносни сили.