Брод со мигранти потона кај Бодрум, девет исчезнати
Брод со мигранти потонал во Егејско Море во близина на турскиот град Бодрум при што девет лица се водат како исчезнати. Турската крајбрежна стража соопшти дека биле спасени 31 мигрант. Спасувачката операција за пронаоѓање на мигрантите е во тек.