Започна издавањето на новите регистрации со ознаката NMK
![Започна издавањето на новите регистрации со ознаката NMK](https://gdb.rferl.org/F22D0DB3-32E7-4023-957A-01EBDACB48AC_cx0_cy23_cw0_w800_h450.jpg)
Од денеска започна издавањето на регистарските таблички со ознака NMK, соопшти МВР наведувајќи дека регистерска табличка со таква ознака ќе добиваат возилата што подлежат на прва регистрација во државата и оние граѓани што ќе пријават оштетена регистарска табличка.
Во сопштението на МВР се вели дека останатите граѓани промената ќе треба да ја направат до 2024 година, а до тогаш ќе можат да ги користат постоечките таблички и при влегување во државата ќе добиваат бесплатна налепница NMK.
Оваа мерка, се вели во соопштението, МВР ја спроведува согласно насоките на Владатат упатени до Министерството во Извадокот од Нацрт-записникот од 120-тата седница на Владата на РСМ од 12.2.2019 година согласно која „МВР се задолжува да започне со издавање на нови регистарски таблички во рок од четири месеци од влегување во сила на уставните амандмани и Уставниот закон.“