Пендаровски: САД ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во август
![Пендаровски: САД ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во август](https://gdb.rferl.org/DA4A6FBB-B953-455F-B4CF-32AA42FE905A_cx27_cy8_cw49_w800_h450.jpg)
Претседателот Стево Пендаровски на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар“ на Криволак порача дека очекува САД да го ратификуваат Протоколот за членство во НАТО во август.
„Ветувањето од таа страна е дека најверојатно пред да се распушти Конгресот во август, ќе имаме целосна ратификација, што значи дека одиме со одлично темпо кон самитот закажан за 4 декември во Лондон кадешто со право очекуваме да станеме полноправна членка и да ги користеме сите напори кои ги правеше нашата држава не само во сферата на одбраната и во безбедноста, туку и во полето на политиката. Да покажеме дека и политички и безбедносно и со одбранбените реформи, заслуживме да станиме членка на најмоќната воено политичка алијанса во историјата на човештвото“, порача Пендаровски.