САД очекуваат во најскоро време Северна Македонија да добие датум за преговори
![САД очекуваат во најскоро време Северна Македонија да добие датум за преговори](https://gdb.rferl.org/1AD5B250-BC3F-42F7-9169-0EAE657E9CE9_cx0_cy6_cw0_w800_h450.jpg)
Северна Македонија заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави денеска в.д амбасадорката на САД во земјава, Микаела Швајцер-Блум.
„Владата на Соединетите држави силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање на преговорите во најскоро можно време. Ние ја зедовме предвид изјавата од состанокот синоќа и сме охрабрени дека ЕУ ќе донесе одлука Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори оваа година“, рече Швајцер-Блум за МРТВ.