Бугарија и Северна Македонија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес?
![Бугарија и Северна Македонија заеднички ќе претседаваат со Берлинскиот процес?](https://gdb.rferl.org/A03E5F49-AEAF-4A09-AD37-9D3135FF6745_w800_h450.jpg)
Министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович најави дека Бугарија и Северна Македонија најверојатно ќе имаат заедничко претседателство со Берлинскиот процес идната година, јави Бугарското национално радио.
Според него, и покрај одложувањето на почетокот на преговорите за членство за октомври, државите има јасна европска перспектива. Актуелен претседавач со Берлинскиот процес е Полска, а следниот треба да биде определен на Самитот во Познан на почетокот на јули годинава.