Болтон во Израел на разговори со руски претставници
![Болтон во Израел на разговори со руски претставници](https://gdb.rferl.org/47D5AE9E-160D-4F6C-8AFA-82136FC5010A_w800_h450.jpg)
Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп во текот на викендот ќе престојува во Израел на разговори со израелски и руски претставници за регионалната безбедност. Тој ќе има состанок со неговите колеги од Израел и Русија Меир Бен Шабат и Николај Патрушев. До ова доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу САД и Иран, особено откако иранските сили собориле американски дрон под неразјаснети околности. Техеран соопшти дека дронот бил на негова територија, додека Вашингтон тоа го демантира.