Трамп: соборувањето на дронот грешка на некој глупав
Американскиот претседател Доналд Трамп го намали значењето на соборувањето на американското беспилотно летало, наведувајќи дека можеби е во прашање грешка на некој „несмасен и глупав“. Тој додаде дека соборувањето на дронот било „нова бразда“ во се поголемите тензии меѓу САД и Иран, но не рече како ќе одговори на овој инцидент. Белата куќа подоцна ги повика лидерите на двата дома на Конгресот на состанок со Трамп за да ги разгледаат тензиите со Иран. Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека соборила американски „шпионски дрон“ кој го нарушил иранскиот воздушен простор.