Претседателот на Собранието на Грузија поднесе оставка
![Претседателот на Собранието на Грузија поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/23BC36A1-2563-47A1-9015-1E1C572A7537_w800_h450.jpg)
Претседателот на грузиското Собрание, Иракли Кобахидзе поднесе оставка од функцијата. Оставката и беше соопштена на јавноста од страна на градоначалникот на Тбилиси, Каха Каладзе, кој е и генерален секретар на владејачката партија „Грузиски сон“, по средбата на партиското раководство.