Заев: Договорот со Бугарија е за пријателство, не за проблеми
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук порача дека со Бугарија потпишале договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Според него, договорот е постигнат со цел заедничките моменти од минатото да ги спојуваат двете земји, а не да ги раздвојуваат.
„Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред се, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака. За да успееме треба заедно да зрееме. Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, наведува Заев.