Албанија- вечерва нов протест на опозицијата под силно полициско обезбедување
За безбедноста на вечерашниот протест на обединетата албанска опозиција, ќе бидат ангажирани најмалку 1.700 полициски службеници, кои ќе бидат распоредени главно пред Владата и Парламентот.
Исто така ќе бидат ангажирани и припаднците на специјалната единица „Шќипоња“,кои ќе бидат распоредени пред полицскиот кордон пред двете институции,потоа припадниците сообраќајната полиција како и неуниформирани лица од други сектори на МВР. Припадниците на единицата за брза интервенција и Националната гарда ќе бидат во состојба на готовност.
Во случај да има обиди за влегување во институциите и закана по животот на полициските службеници ќе биде употребен солзавец и водени топови. Во близина ќе има и повеќе противпожарни и возила на брза помош.
Во Тирана ќе има ограничено движење во поширокото подрачје каде што ќе има протест, а забранет е влез на автобусите кои превезуваат граѓани од внатрешноста во центарот на Тирана. Автобусите кои доаѓаат од севернот дел на земјата ќе се паркираат кај спортската палата „Аслан Руси“ додека оние од јужниот дел кај Економскиот факултет. Протестот ќе почне во 20:00 часот. На барањето тој да трае до полноќ, полицијата дозволи протестот да трае два часа,односно до 22:00 часот.