Полицаец загина на должност на скопската обиколница
Полицаец и совозач на автомобил им подлегнаа на повредите по вчерашната трагична сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Во полицискиот билтен е наведено дека во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки.
Несреќата се случила кога сообраќајни полицајци стопирале возило „БМВ“ поради возење со преголема брзина, по што додека разговарале со возачот во него удрил камион. По сударот, автомобилот се придвижил и удрил во полициската кола. Силниот удар предизвикал експлозија и при што запалил автомобилот со марка „БМВ“ и на лице место настрадал совозачот. Повредени беа и двајцата полицајци при што едниот синоќа им подлегна на повредите. Во болница е сместен и возачот на камионот како и возачот на автомобилот. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.