Сончево со можност за пороен дожд и грмежи
Денеска се очекува да биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени, додека индексот на УВ зраците ќе изнесува 9 со се влегува во жолта фаза.
Препораките се да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, лесна и светла облека, лесна храна и течности, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне и кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.