Техеран со предупредување од Вашингтон
Техеран ги предупреди САД на можните сериозни последици за целиот Блиски Исток ако Вашингтон се движи агресивно кон Иран поради ескалација на тензиите меѓу двете земји. Портпаролот на Генералштабот во изјава за медиуми посочил дека секој чин на агресија против Иран ќе го предизвика„историскиот одговор“ .
„Воена грешка од непријателот, особено од САД и неговите сојузници, ќе биде сфатена како палење на буре барут врз кое седи САД и ќе го запали целиот регион“, изјави тој.
До ваква изјава доаѓа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп објави дека првично одобрил, па се предомислил иги запрел американските напади врз Иран. До затегнување на односите дојде откако и Иран и САД потврдија дека во четврток било урнато американско шпионско беспилотно летало. Разликата е во тоа што Техеран тврди дека леталото влегло во нивниот воздушен простор да дека тоа било “многу опасна провокација”, додека САД тврдат дека дронот бил во меѓународен воздушен простор.