Идните избори во Грузија според пропорционалниот модел
Парламентарните избори во Грузија во идната година би требало да бидат според пропорционалниот модел, изјави шефот на владејачката партија „Грузиски сон“, Биџина Иванишвили. Промена на изборниот систем од мешан во пропорционален е едно од барањата на илјадници демонстранти кои од 20 јуни излегуваат на улиците на грузискиот главен град Тбилиси. Водачите на протестите рекоа дека митинзите ќе продолжат сé додека не бидат исполнети нивните пошироки барања, вклучувајќи и оставка на министерот за внатрешни работи.