Во Брисел уапсен осомничен за планирање напад врз американската амбасада
Белгиското федерално обвинителство соопшти дека е уапсено едно лице за кое постои сериозен сомневање дека планирало напад врз американската амбасада во Белгија. Лицето М.Г. е лишено од слобода во саботата во центарот на Брисел од страна на федералната полиција на Белгија и се сомничи за терористички напад врз Амбасадата на САД. Според судски извори кои ги пренесуваат белгиските медиуми, осомничениот одамна работел за приватни безбедносни служби.
Осомничениот ги отфрла обвинувањата, а денеска бил сослушан од истражен судија во рамки на предметот што се води против него „обид за терористички напад“.