Сијарто: Одложувањето на датумот беше нефер за вашата земја
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска е во посета на нашата држава, изјави дека „одложувањето на почетокот на пристапните преговори било многу нефер за Северна Македонија.
„Сите знаеа за врменеската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време“, изјави Сијарто.
Унгарија, посочи Сијарто, процесот на проширување на ЕУ го смета за еден од најважните и веруваме дека проширувањето на ЕУ кон регионот на Западен Балкан е во вистински интерес на Унијата, како економски така и безбедносен.