Берлин, Лондон и Париз со заедничко предупредување до Иран
Германија, Велика Британија и Франција испратија официјално дипломатско предупредување до Иран за сериозните последици со кои ќе биде соочен Техеран доколку не се однесува согласно нуклеарниот договор од 2015 година, изјавија денеска двајца неименувани дипломати, објавија новинските агенции.
Европските потписници на договорот поднесоа дипломатски демарш на 22 јуни, со цел да се предупреди Иран да не ги намалува своите обврски кон договорот. Засега не е познато со какви последици може да се соочи Иран доколку не се придржува кон договорот.