„Шепаста револуција“: Протест во Скопје за правата на животните
„Правда за животните, Казна за трујачите и Стоп за слободната продажба на отрови“ порачаа атактивистите за права на животните, на денешниот нивни протест пред Собранието.
Како што рекоа, револтирани од се почестите труења на кучињата, на протест излегле претставници на скопските и на неколку здруженија за правата на животните од останатите градови на земјава.
„Поради неконтролираното труење низ целата територија на Република Северна Македонија, а никаква реакција од надлежните повикуваме на револуција која нема да вклучува насилство, туку силно ќе покаже дека навистина ни е преку глава да ја гледаме агонијата на бездомните животни“, порачаа учесниците во протестот, што го нарекоа „Шепаста револуција“.
Од пред Собранието, групата од стотина активисти се упати на протест и пред Владата.