Пендаровски: Нашиот план Б се преговори до крајот на годината
![Пендаровски: Нашиот план Б се преговори до крајот на годината](https://gdb.rferl.org/4036BC4F-817B-443D-9C42-EF66E431D503_cx14_cy23_cw31_w800_h450.jpg)
Преспанскиот договор бараше огромна храброст и визија, верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Затоа Северна Македонија нема план Б. Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за интернет изданието на германски „Шпигел“.
Пендаровски е оптимист за добивање датум за преговори и по одложеното гласање во Бундестагот.
„Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја“, изјави тој.