Груби се откажал од Комисијата за селекција во УБК
![Груби се откажал од Комисијата за селекција во УБК](https://gdb.rferl.org/B31B6EC5-FC6B-4F65-A39A-8EA97554465E_w800_h450.jpg)
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, ги информирал претседтаелот на Собранието и претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање дека не можа да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање поради преголеми обврски.
Груби и пратеникот Трајко Димков денеска беа избрани од Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, откако, како што рече претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, биле предложени по претходна консултација со политичките партии.