Ерменскиот суд ја поништи одлуката за ослободување на експретседателот Кочаријан
![Ерменскиот суд ја поништи одлуката за ослободување на експретседателот Кочаријан](https://gdb.rferl.org/0408A993-7C87-4145-9954-56312BE3304D_w800_h450.jpg)
Апелациониот суд на Ерменија ја поништи одлуката на понискиот суд кој го ослободи поранешниот претседател Роберт Кочаријан од притвор и го суспендираше неговото судење под обвинение за соборување на уставниот поредок во текот на последните недели од неговото децениско владеење кое заврши во 2008 година.
Кочаријан е обвинет дека и наредил на армијата да ги сузбие протестите против исходот од претседателските избори на кои победи неговиот наследник Серж Саркисијан. Десет лица, меѓу кои и двајца припадници на безбедносните служби беа убиени за време на немирите на протестите.