Ердоган за поразот во Истанбул: Ова е порака од народот
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, по поразот на кандидатот од неговата партија за градоначалник на Истанбул, изјави дека ќе извлече поука од „пораката која ја испрати народот“.
„Го немаме тој луксуз да се правиме глуви и да ги игнорираме пораките од народот“, изјави денеска Ердоган пред пратениците од својата Партија на правда и развој, уште еднаш честитајќи му ја победата на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, кој на изборите во неделата освои 54 отсто од гласовите на бирачите во најголемиот град во Турција.