Хаменеи: Иран нема да се предаде по санкциите на САД
![Хаменеи: Иран нема да се предаде по санкциите на САД](https://gdb.rferl.org/05A8C23C-A98A-4136-9450-EC7076F5F396_w800_h450.jpg)
Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави дека земјата нема да се повлече по новите американски санкции и „навреди“.
"Највпечатливите претставници на владата на САД го обвинуваат Иран и го навредуваат. Иранската нација нема да се повлече и да се предаде пред таквите навреди", порача Хаменеи.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции врз Иран, вклучително и за кабинетот на Хаменеи. Иранските власти соопштија дека имаат план со кој ќе ја заштитат нацијата од економскиот притисок на САД.