НДП се закани со напуштање на сите функции ако биде разрешен Фазлиу
![НДП се закани со напуштање на сите функции ако биде разрешен Фазлиу](https://gdb.rferl.org/9062BD1D-41E5-4E9E-B133-95BA7612E102_cx0_cy19_cw0_w800_h450.jpg)
Пратеникот на Национална демократска преродба, Весел Мемеди денеска го повика СДСМ да ја повлече одлуката за разрешување на министерот за локална самоуправа Сухел Фазлиу, а коалициониот партнер ДУИ да не гласа за негово разрешување.
„Доколку има некаков таен договор СДСМ да предложи, а ДУИ да гласа“, како што истакна Мемеди, тогаш неговата партија не сака да биде дел од тој договор и не им се важни позициите, туку симболиката која ја претставуваат и бранат.
Воедно тој најави дека ќе се повлече од функцијата потпретседател на Собранието и ќе го врати пратеничкиот мандат, а неотповиклива оставка ќе поднесат сите директори и членови на управни одбори кои доаѓаат од партијата.