Трамп во Јапонија на самитот на Г20 ќе има најмалку осум билатерални средби
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Јапонија каде ќе присуствува на самитот на Г20 во Осака, при што се очекува да одржи најмалку осум билатерални средби на маргините на собирот.
Првата средба на Трамп ќе се одржи денеска со премиерот на Австралија, Скот Морисон. Трамп треба да се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Кси Џинпинг, како и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.
Тој исто така се очекува да разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел и јапонскиот премиер Шинзо Абе.