Заев: Не сум истражен орган за да ги проверувам сметките на советниците
Премиерот Зоран Заев денеска на собраниска седница изјави дека нема намера да биде истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата на пратеничко прашање во врска со неговиот советник Љупчо Зафировски за односи со Франција. Пратеникот Антонијо Милошоски истакна дека Зафировски не живее во Париз, има постојано живеалиште во Скопје и не ја прима платата од 1200 евра во Скопје.
„Кога се ангажира советникот тој ја донесува својата сметка и на таа сметка се плаќаат парите. Немам намера да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор. Тој човек дел од своето време го поминува во Франција, нормално е дека е наш граѓанин, се вика Љупчо Зафировски и има свое живеалиште тука“, рече Заев.
Милошоски додаде и дека за тоа има покренато иницијатива и Антикорупциската комисија.
„Премиерот и советникот избегнуваат плаќање на данок, ја прима платата во Србија на трансакциска сметка што ја отворил таму затоа што во Македонија сака да избегне обврски. Со тоа прават кривично дело- измама“, рече Милошоски.