Израел повторно испорачува гориво на Газа
Израел денеска објави дека го обновил снабдувањето со гориво на единствената централа во појасот Газа и ја проширил рибарската зона во Средоземното Море со што ги ублажил неодамна наметнатите ограничувања на таа забранета палестинска територија. Неименуван израелски претставник претходно ги потврди палестинските извештаи дека е обновено снабдувањето со гориво кое беше прекинато претходно оваа недела и дека рибарската зона се проширила од десет до 15 наутички милји, објави АП.
Според истиот извор, за возврат, исламистичкиот Хамас, кој владее со Газа, "ветил дека ќе ги прекине нападите врз Израел" - балони со запалив материјал што ја минуваат границата предизвикувајќи пожари на југот на Израел. Хамас пак соопшти дека нема да дозволи "окупаторот да отстапи од условите" на прекинот на огнот договорен со медијација на Египет и ОН.