Цената на струјата останува иста
Од 1-ви јули универзалниот снабдувач ЕВН хоум нема да ја зголеми цената на струјата. Регулаторната комисија за енерегтика (РКЕ) објави дена цената на електричната енергија нема да се менува. Тоа го покажале пресметките за трошоците од енерегeтските компании ЕВН хоум, МЕПСО и Електродистрибуција. Според новиот Закон за енергетика, РКЕ повеќе нема обврска да ја утврдува цената на државните електрани. Цената ја утврдува самата компанија врз основа на пазарните услови.
ЕВН хоум веќе ги обезбедила потребните количини електрична енергија за граѓаните и малите поторшувачи на аукција. Од први јули универзалниот снабдувач ќе има обврска да обезбеди струја за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар. Пазарот на електрична енергија во Македонија е либерализиран од 1 јануари 2019.