Путин и Трамп разговарале за контрола на нуклеарното вооружување
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тој и неговиот американски колега Доналд Трамп им наредиле на министрите за надворешни работи да почнат консултации за контролата на нуклеарното вооружување.
Зборувајќи на Самитот Г20 во јапонскиот град Осака денеска, Путин нагласи дека „сè уште не може да кажеме дали тоа ќе води до продолжување на Договорот СТАРТ“, рече Путин, зборувајќи за договорот за контрола на вооружувањето од 2010 година, кој треба да истече во 2021 година, освен ако двете земји се согласат за продолжување.
Трамп зборуваше со новинарите одделно и рече дека со Путин „многу разговарале за контролата на оружјето“.
Според соопштението од Белата куќа по средбата, Трамп и Путин разговарале за Договорот.
„Претседателите се согласија двете земји да продолжат со разговорите за модел за контрола на вооружувањето во 21 век, за што претседателот Трамп нагласи дека има потреба да се вклучи и Кина“, се наведува во соопштението.
Договорот за контрола на нуклеарното вооружување е прашање кое предизвикува загриженост , особено откако Вашингтон претходно оваа година ја обвини Русија за прекршување на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел и се повлече од Договорот.
Администрацијата на Трамп дава сигнали дека сака да преговара за нов договор во кој ќе биде вклучена и Кина.