Преговори за ставање крај на конфликтот во Авганистан
Преговарачи на САД и Талибанците одржуваат нова рунда разфовори во Катар во обид да се стави крај на војната во Авганистан. Седмата рунда разговори меѓу Залмај Калилзад – американскиот мировен пратеник во Авганистан, е „критична“, рече денеска талибанскиот портпарол Сухаил Шахин, вториод ден од состаноциот во главниот град на Катар, Доха.
Шахн за АП изјави дека двете страни бараат „видливи резултати“, додека се обидуваат да ги финализираат договорите за ставање крај на речиси 18-годишниот авганистански конфликт – најдолгата војна во историјата на САД.
Талибанскиот преговарачки тим е предводен од Мула Абдул Гани Барадар, кој е основач на движењето заедно со Мула Мохамед Омар. Се очекува преговорите да бидат фокусирани на изготвување на временска рамка за повлекување на странските трупи од Авганистан и на гаранција на Талибанците дека милитантите нема да извршуваат напади од авганистанска територија.