Убиени двајца украински војници во источна Украина
Двајца припадници на украинската армија се убиени во источна Украина, соопшти денеска украинската војска, на само една недела пред клучниот самит во Париз на кој уште еднаш ќе се направи обид за завршување на војната во оваа земја, пренесе Ројтерс.
Според сооопштението, војниците биле убиени со непозната експлозивна направа, додека биле на линија на одбраната од напади на проруските сепаратистички групи за извидување и саботажа. Украинската служба за безбедност (СБУ) потврди дека загинатите војници се нејзини припадници.
На 9 декември во Париз ќе се одржи самит на кој е закажан разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Зеленски, а тоа се постигна со посредување на Германија и Франција.