Кина осуди висок ујгурски политичар на казна доживотен затвор
Судот во Кина го осуди на казна доживотен затвор поранешниот висок ујгурски политичар Нур Бекри, за земање мито. Тој на судењето ги призна обвиненијата за корупција, објавија денеска државните медиуми.
Бекри, е еден од највисоките членови на ујгурското етничко малцинство во Кина. Тој до минатиот месец ја надгледуваше националната агенција за енергија и беше заменик-претседател на највисоката кинеска агенција за планирање. Бекри исто така беше и гувернер на северозападниот регион Ксинџијанг помеѓу 2008 и 2014 година.
Пекинг се соочува со зголемени меѓународни критики за политиките кои ги спроведува кон етничките Ујгури, но и кон друго претежно муслиманско малцинство.