„RADIOHEADJAZZ!“ - чекор од седум милји за Биг бендот на ЗЏМ
![„RADIOHEADJAZZ!“ - чекор од седум милји за Биг бендот на ЗЏМ](https://gdb.rferl.org/17E23FA9-540C-443D-AA9F-95834CD97858_cx0_cy11_cw0_w800_h450.jpg)
Посегајќи по езотеричната музика на еден од најзначајните светски алтернативни бендови РЕЈДИОХЕД, Биг-Бендот на ЗЏМ, во саботата, на 30 ноември, во преполната Филхармонија го одржа не само својот најдобар концерт досега туку и храбро го заокружи сопственото присуство на регионалната музичка сцена.