Лукашенко е за стратешко партнерсто со Русија
![Лукашенко е за стратешко партнерсто со Русија](https://gdb.rferl.org/E962E4FD-5E84-4B24-9C1E-D6B6F3415E46_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја потврди заложбата на неговата земја за стратешко партнерство со Русија. Тој денеска се обрати пред Парламентот.
Лукашенко за три дена треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, за да разговараат за понатамошната интеграција во руско-белоруската унија, сојуз што постои главно на хартија, откако беше основан во деведесеттите години на минатиот век.
„Никој никогаш нема да потпише документи што можат да ни нанесат штета“, рече Лукашенко, кој е на чело на државата, повеќе од 25 години.
„Никогаш не сме планирале да се приклучиме на друга држава, вклучително и Русија, која е наша братска нација“, додаде тој.
Во последните месеци, Путин и Лукашенко одржаа неколку рунди состаноци, при што истакнаа дека партнерството треба да биде еднакво.
Многу граѓани на Белорусија се загрижени дека понатамошната интеграција со Москва ќе значи опасност за нивниот суверенитетот. Тие на тој потег гледаат како на обнова на поранешниот Советски Сојуз.