Грчката црква одбива верски погреби на кремирани покојници
Два месеца откако е отворен првиот крематориум во Грција, моќната Грчка православна црква го повтори нејзиното противење на кремирање мртви и одбива да врши верски погреби во случај на кремирање. „Црквата се противи на спалување“ се наведува во документот на црквата на четири страници упатен до „народот“ што ќе им биде делен на верниците во сите цркви. Како една од последните земји во Европската унија која овозможи палење на мртвите, Грција го отвори нејзиниот прв крематориум во почетокот на октомври во Рицони, на околу 80 километри од Атина.