Германија ќе донира 60 милиони евра за Аушвиц
Германската канцеларка Ангела Меркел за прв пат ќе го посети споменикот Аушвиц-Биркенау во петок и притоа ќе донира 60 милиони евра за да помогне во зачувувањето на местото каде што нацистите го водеа својот најголем логор на смртта.
„Аушвиц е музеј, но исто така е најголема гробница во светот, а меморијата е клучот за градење на сегашноста и иднината“, изјави директорот на музејот Пјотр Сивински за Ројтерс пред посетата на Меркел на покана на фондацијата Аушвиц.
Половина од донацијата е обезбедена од сојузната влада на Германија и половина од регионалните влади. Меркел ќе ја објави донацијата на церемонијата по повод 10-годишнината од фондацијата Аушвиц-Биркенау.
Парите ќе го зацементираат местото на Германија како најголем донатор на фондацијата, кој ги финансира напорите за зачувување на местото каде што повеќе од 1 милион луѓе загинаа во тогашната нацистичка Полска.