Украинскиот претседател Зеленски на прва средба со Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во понеделник во Париз, ќе учествува на самитот со Русија, Франција и Германија, на кој очекува да се сретне со рускиот колега, Владимир Путин.
Ова ќе биде негова прва средба со Путин, а очекувањaта се дека на неа може да биде постигнат договор за траен прекин на огнот во источна Украина, каде што владините сили се борат со сепаратистите, подржани од Русија.
Поранешниот комичар, кој од април ја презеде претседателската функција во Украина, најави дека решавањето на крвавиот конфликт, во кој загинаа повеќе од 14 илјади лица, ќе биде негов приоритет.