Димовски ќе предложи Јанева да не добие апанажа
Барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е обвинета во случајот „Рекет“, денеска ќе се најде на дневен ред на една од седниците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Претседателот на Комисијата Илија Димовски изјави дека тој ќе побара на Јанева да не и се додели апанажа бидејќи не е избрано лице.
Собранието само ја предложи Јанева, а нејзиниот избор го изврши Советот на јавни обвинители, рече Димовски.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ дополнително посочи, на како што рече, скандалите поврзани со неа, како и на злоупотребата на институцијата СЈО и од финансиски и од политички аспект.