Грција организира средба во Брисел меѓу ЕУ членките и Скопје и Тирана
Грција в понеделник организира работен појадок во Брисел, на кој ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на земјите членки на унијата и на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија.
Состанокот е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Гениматас на денешниот редовен брифинг со новинарите. Тој рече дека досега над 18 шефови на дипломатиите на земјите членки на ЕУ го потврдиле присуството.
Пораката на неформалниот состанок е зајакнување на поддршката кон Скопје и Тирана за нивниот европски пат, рече Гениматас.